Меџити: Груби не е во Косово, туку во Албанија

Од:

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите информации поранешниот вицепремиер Артан Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.

По Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, МВР распиша меѓународни потерници за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија.

– Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата, рече Меџити.

Додава дека „должност на органите на прогонот е да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата“, нагласувајќи дека „Европскиот фронт ја пополнува американската црна листа“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Стоилковиќ и Меџити – две страни на истата политика

Левица: Загадување со смртоносни размери – Меџити веднаш да се разреши поради овој геноцид

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните

А1он

На пленарна седница на 10 јануари треба да почне дебатата за интерпелациите за Меџити, Тошковски, Исени и Даути

(ВИДЕО) Се враќа правната држава и довербата во институциите, тврди Меџити

Од петок вечер 2/3 од Скопје без вода, Меџити најави интервенција од Владата ако има потреба