1009 hPa
72 %

14 °C
Скопје - Пет, 25.04.2025 20:59
Денес, 8 октомври (вторник), со почеток во 19 часот, во Мобилната/Mонтажна галерија во Паркот на франкофонијата, ќе се одржи отворен разговор на тема „Културата и културната дипломатија во времиња на војни – Искуства и предизвици“.
Воведни говорници на дискусијата ќе бидат Флавиус Илони Лога, претседател на асоцијацијата ЛОГС од Романија; Јана Розбитскаја, Куратор и претседател на организацијата Фаина од Украина; Софија Ковалова-украинска уметница; Никола Димитров од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција и Ѓорѓе Јовановиќ – уметник.
Организатори на настанот се Центарот за современа уметност од Скопје и Асоцијацијата ЛОГС од Романија. Идејата на разговорот помеѓу другото е да се воспостават нови соработки и партнерства со Украина.