Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Од:

Русија цврсто го отфрла распоредувањето војници од европските земји во Украина како гаранција за безбедноста и секое нивно присуство во Украина ќе го смета за закана што може да предизвика директен конфликт со НАТО.

Ова денеска го изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Захарова на прес-конференција во Москва рече дека Европејците „немаат право да одлучуваат“ за ова.

„Ова носи ризик од директни борбени дејствија меѓу актери (…) од поединечни членки на НАТО, а со тоа и целиот сојуз со нашата земја“, рече Захарова.

Со оваа изјава, наведуваат агенциите, таа уште еднаш го нагласила ставот на Русија во однос на дискусиите на Запад за тоа дали евентуалното испраќање војници би било можно без зелено светло на Москва.

„Во пракса, тоа би значело дека овие земји стануваат страни во конфликтот на страната на режимот во Киев“, рече Захарова, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Агенциите потсетуваат дека Франција и Велика Британија работат на создавање на таканаречената „коалиција на волните“, која на крајот би испратила европски воен контингент кој треба да го заштити мирот во Украина и да делува како одвраќање од идните руски напади.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја обвини Русија дека користи проектил произведен во Северна Кореја

Блумберг: САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има своја армија

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

(ВИДЕО) Зеленски во интервју за Шапиро: Средбата во Белата куќа не беше најидеална

Трамп: Мислам дека Путин ќе ме послуша и ќе ги запре нападите

Горан Наумовски

Русија да ги прекине нападите, апелира Зеленски