ДОЗВОЛЕТЕ ДА ВИ ГО ПРЕЗЕНТИРАМЕ ДНЕВНИОТ РЕД НА ДЕНЕШНАТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА: ДУИ со поинакво сценарио за средбата меѓу Мицкоски и Филипче

Објавено во: Македонија 03 Април, 2025 10:26
На јавна сцена денеска ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка, во моноетничка демократија, велат од ДУИ за денешната лидерска средба меѓу Филипче и Мицкоски.
„Иако на јавноста ќе ѝ бидат презентирани поинакви точки, дозволете да ви го презентираме дневниот ред на денешната средба кој нема да го видите во јавноста:
Точка 1: Неказнивоста. Како да не одговарамат. Каков правосуден систем им треба за да можат да продолжат да се напаѓаат во јавноста, но суштински меѓусебно да се заштитат дури и кога во прашање ќе дојдат трагедии како онаа во Кочани
Точка 2: Како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт во државата, и потоа да се држат на периферијата на општествените текови
Овој план не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава.
Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа.
Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможна без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање.
Го повикуваме целит политички и неполитички спектар на албанците во државава, вклучително и лидерите на коалицијата ВРЕДИ, заедно или секој посебно, да изразат јасен и гласен револт против овој обид за реструктуирање на државата и да не дозволат да бидат вовлечени во планот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови“, велат од ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки
