Денови на жалост во Македонија
Македонија тагува по трагедијата во Кочани. Книги на жалост се отворени во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина и Црна Гора. Низ градовите во земјава се одржаа собири каде со подологотраен молк им одадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани и им изразија сочуство на нивните семејства. Пораката од сите собири е иста - да се утврди одговорност и да се стави крај на корумпираниот систем, кој и досега уби многу луѓе. Граѓаните се молат и за здравје на повредените.