1022 hPa
55 %

16 °C
Скопје - Пон, 28.04.2025 20:10
Не глумете душебрижништво кога целта ви е само криење на вистината. Цензурата на тагата и траорноста нема да им помогне на жртвите; само ќе ја скрие големината на трагедијата, со што на луѓето ќе им се отежне да стигнат до правдата. Доста терате политички пропаганди преку наводна осетливост и „тага“.
Тагата е вистина и крик, човече! Тагата е плач. Тагата не е тивка и невидлива. Тагата е емпатија; кога ја гледаш кај друг те прави и тебе тажен. Затоа ја закопавте, да не се гледа, оти ја третирате како заразна болест - да не се рашири многу. Вашето решение е да ѝ залепите фластер на тагата и да ја заклучите во некој подрум, никој да не ја гледа.
На погребите требаше да се снима. На кои погреби во светот не се снима?! Сум гледал погреби на вести од Украина, Палестина, Израел, Индија, од секаде. Отворете Јутјуб напишете го настанот кој го барате, меѓу другото ќе видите и сцени од погреби.
Само од Македонија не смее да се види погреб? Види богати. Генијалци ебате.
Сакавте да не се снима оти ќе требаше цел свет да види дека и во Македонија се копаат масовни гробници, а не сме во војна или под геноцид. Меѓутоа, тоа на некои од вас, полтрони со децениско реноме, не ви одговараше да се види. Ќе изгледаше многу лошо (за вас). Нејќете вие да се гледа вистината ако е многу лоша, вие сакате да ја шминкате и фарбате, малку селотејп врз мувлата, малку кармин на мртовецот. Па се праите часни сестри, ради тагата тоа да не се снимало, па како тоа не било учтиво, почит нешо ау, одеднаш многу осетливи и одеднаш станавте експерти за почит и добри манири види мајката.
Можда и забраните за снимање на протестите со дрон ќе ги оправдате со некаква ментална гимнастика и емотивни манипулации. Да не почне да плаче дронот? Или можда две кила новинарски дрон мислите дека ќе ве бомбардира?!
Кое одвратно бесрамно лицемерие!
Извинете, ама новинари снимаат прострелни рани и разнесени деца кога известуваат од трагични настани. Како тоа па само погреб не требало да снимаат?! Новинар снима сѐ! Зашто известува од лице место, наместо да крие па после да прераскажува прикаски.
Значи, да повторам: кога некој, а особено па новинар (!) добие апел да не се снима, прво, тој не е новинар туку одработува за некој или нешто; и второ, треба да одите баш тоа, забранетото, да го сликате и снимите.
Карикатури: Tjeerd Royaards