ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

Објавено во: Македонија 05 Април, 2025 13:43
Неготинец украл возило под дејство на алкохол и без возачка скршил рампи на наплатни станици на автопатот.
На автопатот А1, вчера во 23.15 часот на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го уапсиле М.Д.(26) од Неготино.
Тој украл автомобил „ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(38) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано во двор на чичко на пријавителот во Неготино и потоа со возилото на автопатот, во правец кон Велес, скршил рампа на наплатна станица „Виничани“, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица „Виничани“, но во правец кон Неготино.
Полицијата преземала мерки, по што М.Д. бил принуден да го запре возилото. Го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и со 1.54 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира
Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа
