Француската модна куќа Jacquemus ја прослави својата петнаесет годишнина на модната сцена, а како јаготка на шлагот се најде новата есен-зима 2024 колекција наречена La Casa.
Креативниот директор Жакемус инспирацијата за истата ја пронајде во легендарната модна и филмска икона Брижит Бардо, а сцената за ревијата беше налик на филм каде што токму Бардо ја игра главната улога.
Како локација беше избран романтичниот италијански остров Капри, дестинација која е од сентиментално значење за дизајнерот.
Но, Жакемус не би бил тоа што е, ако не го најави своето присуство таму и тоа преку ултра креативни рекламни кампањи како на пример пеглање на алишта на даска за сурфање во вода.
La Casa беше обоена во црвена, небесно сина и пастелно жолта нијанса, а во секое парче облека се наѕираше стилот од неодоливата Бардо.
Долги фустани со гол грб, впечатливи кроеви на капути и марами се прошетаа по пистата, а како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение.