Тренчевска: Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери
31-08-2023 МАКЕДОНИЈА

На средбата од страна на присутните беше потенцирано дека линеарното покачување барање кое ќе ја загрози стабилноста на пензискиот фонд и редовното примање на пензии за 330 000 пензионери во државата.
Тренчевска посочи дека во периодот кој што следи ќе се креираат социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања и исто така таа посочи дека посветено ќе се работи и на Законот за минимална пензија.
Претседателот Николовски на министерката и приложи предлози креирани од Партијата на пензионери кои можат да го подобрат квалитетот на живот на пензионерите, додека од страна на министерката беше истакнато дека истите ќе бидат разгледани и внесени во материјалите за работа при носењето на решенија за пензиите.
Министерката на крајот од средбата покани претставник од Партијата на пензионерите на првата средба на работната група која ќе работи на Законот за минимална пензија и социјалните мерки, а ќе се одржи на 6ти септември - информираат од МТСП.

Додади коментар