Се излеа Маркова река, поплави низ Батинци
Поради обилните врнежи од дожд, попладнево Маркова река се излеа од своето корито. Улиците низ селото Батинци се под вода, а граѓаните се излезени на терен со машини и се обидуваат да ги заштитат своите домови од поплави.
Затворен е кружниот ток што води накај Драчево и Батинци. Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира.
Мостот помеѓу Горно и Долно Лисиче е затворен поради излевањето, сообраќајот се пренасочува кон Трубарево.