Финансии / Банкарство
НА БАНКАРСКИТЕ СМЕТКИ ВО ГЕРМАНИЈА ЛЕЖАТ „ЗАБОРАВЕНИ“ ДЕВЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА!
02.04.2025
На банкарските сметки во Германија кои се „заборавени“ од нивните вистински сопственици лежат меѓу две и девет милијарди евра. Овие заробени штедни влогови требале да бидат наследени од блиски роднини, но тоа никогаш не било направено затоа што никој не покренал постапка за префрлање на средствата на други лица!
Германските медиуми објавуваат дека постои можност да се преземат овие средства преку соодветни банкарски здруженија, но предупредуваат дека добивањето на наследството може да им донесе и дополнителни трошоци.
За да се побараат овие „заборавени“ заштеди потребни се одредени докази. Меѓу нив се: копија од потврдата за наследство и копија од тестаментот заверен од суд, заедно со воведниот записник за наследството.
Постапката е олеснета доколку потенцијалните наследници имаат било каква информација за поседување на депозити, сефови или банкарски сметки. За тие кои не поседуваат вакви докази, можат да покренат „истражна“ постапка во соодветната банка.
Наследниците не наследуваат само пари туку и долговите од починатото лице, па за тоа не треба да ги игнорираат роковите за прифаќање или одбивање на наследството, пренесува Телеграф.
фото freepic