Connect with us

Фудбал

Милан веќе пронашол замена за тренерот Консеисао?!

 Тренерот на Марсеј, Роберто Де Зерби би можел да го преземе Милан, објави „Газета дело спорт“.

Според италијанскиот весник, 45-годишниот Италијанец е прв фаворит за тренерската функција доколку биде отпуштен актуелниот тренер Серхио Консеикао.

Де Зерби го тренира Марсеј од летото 2024. Пред тоа работеше во Брајтон, Шахтјор, Сасуоло, Беневенто и Палермо.

Клубот ги разгледува и кандидатурите на Антонио Конте (Наполи) и Масимилијано Алегри, кои веќе работеа во Милан.

Милан по 30 кола се наоѓа на деветтото место во италијанската Серија А со 47 бодови.