Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас? Зошто творечкиот збор го претворивме во оружје за ad hominem напади? Зошто, наместо да се сплотиме, ние се поделивме околу најважните прашања од национален интерес? Меѓу последните сме во Европа по нивото на волонтерство и имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии. Свесна сум дека, делумно, овие состојби се должат и на децениските ...

Чест ми е што и годинава бев покровителка на Свечената академија во чест на Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител, врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Поучени од него, мора да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата, смирението и милоста. Како и во Климентово време, треба да се обединиме околу ...