Сведокот, кој од 2018 до 2024 година бил член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија, одговараше за начинот на кој во тоа време на Клиниката се набавувала терапија од условен буџет. На УО директно не му била презентирана финансиската состојба на Клиниката, појаснувајќи дека на седниците им било кажано дека во периодот 2018 и 2019 има доволно пари, додека за останатите години им било презентирано дека немало пречекорување. Од директорот ...
55 годишниот онколошки пациент од Скопје, Сашко Стоилов и денеска, 10 ти ден по ред, остана без таблетарната терапија која ја прима од месец август. Иако Телевизија 24 доби потврда од директорот на Клиниката за Онкологија доктор Игор Стојковски дека терапијата е веќе стигната на Клиника, Стоилов вели дека денеска бил и лично на Онкологија и оттаму му кажале дека и денешниот ден ќе мора да го помине без лекови. Сашко Стоилов, онколошки пациент - ...

