На 35-та седница на Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, проф. д-р Снежана Дичевска, редовен професор на Факултетот, ја доби поддршката на колективот за реизбор на функцијата декан. Со оваа одлука, вториот тригодишен мандат на проф. Дичевска како декан на ФТУ – Охрид започнува на 1-ви октомври 2025 година.
Реизборот претставува потврда за нејзиното успешно раководење во изминатиот мандат и за нејзиниот значаен придонес во академскиот, стручниот и институционалниот развој на Факултетот. Под нејзиното водство, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид продолжува да се етаблира како водечка високообразовна институција во областа на туризмот и услужните дејности, како на национално, така и на регионално ниво.
