По скандлозното Решение со кое не се определи мерка притвор за еден од главно осомничените во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино дури денес ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор. Што повеќе да се каже за оваа рашомонијада која ни се случува во режија на судии и обвинители?!.
Молчи првиот човек на ЈО и Советот на јавни обвинители, молчи и Судскиот совет кој по се изгледа дека приоритет му е што подолго останување на удобните фотељи на членовите кои ја изгубија довербата од законодавниот дом отколку каква правда спроведува судијата.
Наместо молк потребно е јавно да се каже што се случувало на релација ОЈО ГОКК- судија на претходна постапка – политичари пред да бидат изречени мерките за главно осомничените во овој предмет. Потребно е јавноста да дознае кој кому вршел притисок или во прашање е нешто друго?!
Бидејќи се работи за лице со сериозно економско и политичко влијание, донесеното Решение за изрекување мерка домашен притвор наместо затворски притвор по којзнае кој пат ја доведува во прашање независноста на судството при што истовремено се промовира селективната правда и промоција на статус на привилегирани обвинети лица. Дополнително доколку изречената мерка е донесена под притисок и влијание тоа во старт предизвикуваа сомневања за правичноста на целиот судски процес во иднина и за еднаквоста пред законот на сите обвинетите согласно тежината на стореното кривично дело.
Доста со правдата си играа политизирани, криминализирани и без интегритет судии и обвинители. Потребна е итна нивна одговорност.
Фејсбук објава на Јове Кекеновски