Претседателот на Србија Александар Вучиќ утрово им го честиташе Денот на студентите на сите академци во Србија, пренесуваат српските медиуми.
„Како што можете да видите, носам маица на која пишува „И ја сам ћаци “. Не сум. Тие млади момци и девојки се многу похрабри од мене. Спиев во голема и топла соба овде во Софија во хотел, додека тие беа под шатор, дожд и ветер и толку многу страдаат секој ден и секоја вечер, а да не зборуваме и на секој можен начин објави Вучиќ на неговиот профил на Инстаграм.
„И таа борба е чудесна, тие млади луѓе во „ћациленд“ не бараат ништо од никого, туку да добијат право на учење, но ништо повеќе од тоа. Никому не попречуваат, никого не блокираат, не вршат терор, единствено што бараат е нивното право на учење“, рече Вучиќ.
Д. Т.