Семејството на Теодора се сомнева дека зад пресудата на судијата Ферати стои политика, мито и корупција!

Семејството на загинатата Теодора Ристовска денеска упати отворено писмо како благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот во врска со случајот.

Како што велат, по скандалозната изречена казна од две години затвор за возачот, тие сега се надеваат дека ќе има реакција од Судскиот совет.

„Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора“, велат тие.

Семејството изразува надеж дека јавноста и во иднина будно ќе продолжи да го следите судскиот процес за Теодора.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното