Во просториите на „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“ ќе се одржи промоција на книгата „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“ на м-р Александар Јорданоски, во петок 28 февруари 2025, со почеток во 12 часот.
Промотори на истата ќе бидат проф. д-р Никола Минов, проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска и новинарот Марјан Велевски. Како наратор на делови од истата ќе се појави актерот Роберт Вељановски.
Александар Јорданоски долги години работи во сферата на заштитата на културно наследство, во Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура.