• Иван Димовски
Фудбалскиот натпревар од Четвртата лига под ОФС Битола меѓу Крошу Спорт Битола и Партизан 2021 Доброшево понуди уникатна ситуација.
Откако фудбалерот на Крошу Спорт постигна ефектен гол, лобувајќи го противничкиот голман кој истрча од линијата, следуваше интересна прослава. Теренот во битолското село Горно Оризари беше речиси целосно потопен со вода, a тоа стрелецот Александар Ѓорѓиевски го искористи.
Ѓорѓиевски го соблече дресот и се фрли лизгајќи се во еден од најпотопените делови од теренот.
За оваа симпатична прослава на голот, иако по правилата играчот требаше да добие жолт картон, судијата ја прифати шеговитата ситуација и му прости.