Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е среќен за освоената титула во домашното првенство.

Парижаните вчера со победата над Анже, по само 28. коло го обезбедија шампионскиот трофеј во Лига 1.

- Неизмерно сме горди што сме шампиони во Лига 1, една од најсилните лиги во Европа. Честитки до сите играчи, нашиот тренер Луис Енрике, нашиот спортски советник Луис Кампос и целиот наш персонал кој заврши неверојатна работа. Ова е одличен момент за сите наши фанови во Франција и во странство, како и за градот Париз, изјави Ал-Хелаифи.

Парижаните го освоија францускиот шампионат по рекорден 13. пат.


Администратор
07/04/2025 00:14