ВИДЕО: Гол и две асистенции на Крстовиќ, важен триумф за Лече

Екипата на Лече ја прекина кризата и дојде до важни три бода во дуелот против Парма (3-1) во рамки на Серија А.

Лече имаше два порази во низа, затоа падна во опасната зона, но триумфот над директниот ривал ја крена погоре на табелата со три бода повеќе од Парма. „Млекарите“ пет кола по ред се без успех.

Човек на натпреварот беше Црногорецот Никола Крстовиќ. По голот на Валери од пенал за предност на Парма од 1-0, Крстовиќ реализира за 1-1, а потоа во вториот дел двапати асистираше до Пиероти, за големи три бода.

  • Извештај од натпреварот:

Лече во следното коло е домаќин на Болоња, додека Парма гостува кај Каљари.

Состави

4-2-3-1

    4-3-3