Пронајдено безживотно тело на 56 годишен маж во Росоман

Објавено на 29 декември, 2024 во 11:08

Пријавата дека во близина на игралиштето, во помошна просторија – штала, во Росоман има безживотно тело на маж во Одделение за внатрешни работи Кавадарци евидентирана е вчера, во 11:40 часот.

Таму бил пронајден починат М.С.(56),  затоашто тоа место било негово престојувалиште како бездомник. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.