Зелениот картон во Албанија чинеше 40 евра за две недели, додека со направената промена ќе важи цела година, јавуваат албанските медиуми.
„Управата за финансиска супервизија, во рамките на спроведувањето на препораките на Мешовитиот комитет на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) за олеснување на прекуграничното движење, тесно соработуваше со Албанското Биро за безбедност (БСХС), за да го олесни движењето на автомобили со албански регистарски таблички кон пограничните земји.
Врз основа на одлуката на Албанското биро за осигурување (БСХС), на албанските граѓани отсега може да им се обезбеди полиса за осигурување Зелен картон за автомобили со важност од 12 месеци, по цена од 50 евра, што ја покрива територијата на Северна Македонија. Оваа одлука го поддржува движењето на граѓаните преку намалување на трошоците и унапредување на економската размена Северна Македонија.
Осигурителните компании на сите продажни места ќе нудат полиса за осигурување „Зелен картон“ за автомобили со рок на важност од 1 година за Северна Македонија, за Црна Гора, како и ќе продолжат да го нудат зелениот картон со рок на важност од 15 дена по цена од 15 евра“, се вели во соопштението на Управата за финансиска супервизија.
Д. Т.