Тројца пациенти кои се лекуваа во странство се враќаат дома, 76 остануваат хоспитализирани во странски болници

од Љубиша Владимиров
14 прегледи

Министерството за здравство информираше дека тројца пациенти кои беа повредени во трагичниот пожар во Кочани се враќаат во Македонија. Двајца од нив беа хоспитализирани во Грција, а еден во Шведска. Според утврдените протоколи, пациентите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор по пристигнувањето.

Во меѓувреме, во соседните земји остануваат значителен број хоспитализирани пациенти: во Србија се лекуваат 23 лица, во Бугарија 14, а во Турција 10. Грција има осум пациенти, а Словенија четири. Во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по тројца, додека во Италија и Полска по еден пациент.

Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент кој се врати од Полска, но денеска ќе биде пуштен на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ се лекуваат шест пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани пет пациенти, од кои еден ќе биде отпуштен на домашно лекување. На Клиниката за пулмологија се лекуваат двајца пациенти, а во приватната болница „Систина“ тројца пациенти.

Министерството за здравство активно ја следи состојбата на повредените и одржува континуирана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, со цел да обезбеди најдобра можноа нега за сите жртви на несреќата во Кочани.

Слични содржини