Фудбал премиер лига

Аморим признава: Навистина сме најслабиот тим во историјата на Манчестер јунајтед

Рубен Аморим нема одговор за големата криза на Манчестер Јунајтед откако „црвените ѓаволи“ загубија со убедливи 4-1 на гостувањето против Њукасл. Тоа беше уште еден во низата потпросечни настапи на Јунајтед откако Аморим дојде на клупата на овој тим, по што „ѓаволите“ паднаа на 14. место на табелата.

Дури и доколку победат на сите средби до крајот (што е малку веројатно), избраниците на Аморим нема да можат да стигнат до бројката од 58 освоени бода, што е најслаб учинок досега во историјата на Манчестер Јунајтед од формирањето на Премиер-лигата.

„Овој натпревар е слика за целата наша сезона. Дали сме најслабиот тим во историјата? Верувам дека тоа е точно, само погледнете ја табелата и нашите бројки. Немаме за што да жалиме денеска, игравме против ривал што беше многу подобар од нас и заслужено загубивме. Нема полошо чувство од губење на натпревар. Не ми е гајле што зборуваат другите, јас знам колку ми е тешко по секој пораз и доколку не постојат критики. Како што реков, табелата кажува се, направивме премногу грешки со кои ја олеснивме задачата на противникот. Мораме да најдеме начин да се вратиме во ритам почнувајќи од следниот меч, дуелот со Лион е исклучително важен за нас“, изјави Аморим.

To top