Македонија
„Вреди“: Земјата се соочи со високи такси од САД поради расипаниот имиџ на државата

Главната причина зошто Северна Македонија се соочува со повисоки такси од САД не е поврзана само со економските фактори, туку пред се со расипувањето на имиџот на државата на меѓународната сцена, велат од коалицијата ВРЕДИ.
Според нив, ваквото влошување на имиџот е директен резултат на недоличното владеење и скандалите на поранешната власт, вклучително и функционери на ДУИ, кои, како што велат, сега се на американската црна листа, кои не се единствените со нив кои се и клеветници од македонскиот табор. Овие нечесници, додаваат од ВРЕДИ, кои денес се заедно на американската црна листа ги обедини корупцијата во соработката за уништување на земјата.
„Америка не ги зголемува такси без причина. Пораката на Вашингтон е јасна: повеќе не можат да се толерираат корупција и злоупотреба на власта. И кои се оние кои најмногу ја нарушија довербата на западните сојузници во оваа земја? Токму оние кои две децении ги злоупотребуваа институциите и денес се кријат зад празната реторика или онаа со бесмислен национализам. Наместо да жалат за последиците од своите постапки, поранешните функционери на ДУИ и другите треба да им се извинат на граѓаните за големата штета што ја нанеле“, се наведува во соопштението.
Според ВРЕДИ На Северна Македонија и требаат нови политики, сериозен пристап кон економијата и обнова на односите со меѓународните партнери, а не, како што велат, лицемерие од оние кои ја уништија оваа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул.Мечкин Камен и ул.Дубровничка.(Општина Ѓорче Петров).
· Oд 12:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од ул. 4 во Ново Село .(Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претпладне облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува

Времето денеска, претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.