Актерот Ники Кат, кој го глумеше учителот Хари Сенат во „Boston Public“, а подоцна и во филмовите „Dazed and Confused” и „Boiler Room”, почина на 55-годишна возраст. Веста за неговата смрт со јавноста ја сподели неговиот пријател и адвокат Џон Слос, а причината за смртта се уште не е позната. Во текот на неговата кариера, Кат често глумеше негативци, а Кристофер Нолан му даде улога во филмовите „Insomnia“ и „The Dark Knight“, во кои тој играше член на S.W.A.T. тим. Во „Boston Public“ глумеше три сезони, а после тоа реши повеќе да се фокусира на својата филмска кариера.
„Мислам, сите велат дека лошите момци се најзабавни, но јас дефинитивно поминав низ низи каде луѓето само сакаа да го играм негативецот, особено по „Dazed and Confused“. Но, бев навистина среќен бидејќи можев да играм различни типови на улоги“, рече тој.
Роден во Јужна Дакота, тој ја започна својата кариера како дете актер на ТВ и во мали улоги во „Gremlins“ и „The Burbs“.
Се појавуваше во ТВ серии, а последното појавување го имаше во серијата „Casual“ во 2018.
За неговиот приватен живот нема многу информации бидејќи не сакаше да зборува за тоа. Познато е дека тој беше во брак две години. Тој беше во брак со Ени Морс од 1999 до 2001 година.