Првиот вампир во Европа: Бизарниот случај на закопаниот Петар Благоевиќ и ужастените селани

Во селото Кисилево во 1725 година, една жена била разбудена од таинствено чукање. На прагот стоел нејзиниот сопруг Петар, кој починал пред неколку недели. Побарал опинци бидејќи му било студено. Исплашената жена се онесвестила, а оваа ноќна појава го означила почетокот на низа смртни случаи во селото.

 

Првиот вампир во Европа: Бизарниот случај на закопаниот Петар Благоевиќ и ужастените селани

Теророт на вампирот

Петар, иако погребан, секоја ноќ се појавувал кај селаните, ги гушел додека спијат и тие умирале по неколку дена, со бледи лица и траги од каснување. Луѓето се пожалиле на слабост и страв, а бројот на починати достигнал дури девет. Селаните, преплашени, побарале помош од австриските власти.

 

Теророт на вампирот

Запаметен како првиот вампир во Европа

Чиновникот Ернст Фромбалд заедно со свештеник и мештани го откопал телото. Петар изгледал недопрено, со порастени нокти и свежа крв на устата. Луѓето го прободеле со кол, по што потекла крв, и телото било изгорено. По ритуалот, нападите запреле.

Овој случај првпат ја вовел употребата на зборот „вампир“ во европска документација. Иако научниците понудиле рационални објаснувања, како туберкулоза или природно сочувување на телото, приказната останала длабоко врежана во фолклорот. Извештајот на Фромбалд бил објавен во весник во Виена и станал сензација во цела Европа, поттикнувајќи страв и интерес за вампири низ целиот континент.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *