Бодо Глимт со убава лекција за Лацио во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа (ВИДЕО)

Норвешки Бодо Глимт со убава предност од 2-0 ќе патува во Рим на реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Лацио.

На првиот меч во Бодо кој се играше во снежни услови, Норвежаните во второто полувреме ги решија „лацијалите“ со два гола во период од 20 минути.

Домашните поведоа најпрво во 47. минута со голот на Салтнес.

А, истиот играч стрелаше потоа и во 69. минута за конечни 2-0.

Се вчитува...