И ПОНАТАМУ СУВ СТУД ПРЕД НАС БЕЗ СНЕГ: Наутро и под -10 степени!

Продолжува периодот на ладно време, особено во ноќните  и во утринските часови, и тоа поради влијанието на ладната воздушна маса која продира од источните  и од североисточните предели на Европскиот Континент, и истата е сува, што значи дека и понатаму пред нас е сув студ без снежни врнежи.

 

Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени. Меѓутоа, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурата ќе се спушта до околу, па  и под -10 степени.

 

Преку ден таа ќе се искачува во интервалот од 3 до 9/10 степени. Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

 

Славчо Попоски



Додади коментар