Економија

Финска ја затвори последната електрана на јаглен

02.04.2025

Финската енергетска компанија Хелен објави дека ја затворила последната активна централа на јаглен во земјата, со што објави дека дојде „крајот на ерата на јаглен“ за оваа нордиска земја.

Електраната „Салмисари“ произведуваше топлинска и електрична енергија за Хелсинки, а нејзиното затворање ќе ги намали емисиите на стакленички гасови и ќе го запре поскапувањето на струјата.

Се проценува дека годишните емисии на јаглерод диоксид од електраната ќе бидат намалени за 50 отсто во споредба со 2024 година. Вкупните емисии во главниот град на Финска ќе се намалат за 30 отсто, се вели во соопштението на енергетската компанија, пренесе Данас.

Компанијат ќе продолжи да ги чува резервите на јаглен и да ги користи „по потреба“.

Во 2019 година, Финска одлучи да ја забрани употребата на јаглен во производството на енергија од 1 мај 2029 година. Од 2020 година, производството  на енергијата од ветерот е зголемено за двапати и учествува со една четвртина од вкупното производство на електричната енергија.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО