Финансии

Најлош квартал за Nasdaq 100 во последните години поради страв од балон на ВИ

Извор: Jeran Wittenstein, Ryan Vlastelica/Bloomberg

1 април 2025, 10:47

Овој технолошки индекс забележа пад од 8,3 отсто

Заживувањето на пазарот повторно е доведено во прашање

Инвеститорите одново почнаа да се повлекуваат во потрага по безбедност

Најлош квартал за Nasdaq 100 во последните години поради страв од балон на ВИ

Bloomberg

Во квартал обележан со неизвесности во врска со царините, намалување на владините трошоци во САД и закана од рецесија, токму стравовите од балон кој се формира во областа на вештачката интелигенција (ВИ) му нанесоа најнов удар на индексот Nasdaq 100.

Овој технолошки индекс го забележа најлошиот квартал во последните речиси три години, со пад од 8,3 проценти, откако две предупредувања минатата недела ја зголемија загриженоста поради можност за повлекување на стотици милијарди долари кои пристигнуваат во инфраструктурата за дата центрите. Заживувањето на пазарот повторно е ставено под знак прашање, а инвеститорите одново почнаа да се повлекуваат во потрага по сигурност.

Настанатата штета се шири кај акциите кои до неодамна беа најголемите двигатели на пазарот. Производителот на чипови „Енвидија“ (Nvidia Corp.) забележа пад на акциите од 28 проценти во однос на јануари. „Бродком“ (Broadcom Inc.) падна за 33 проценти во однос на рекордот од декември. „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.), „Амазон“ (Amazon.com Inc.), „Алфабет“ (Alphabet Inc.) и „Мета“ (Meta Platforms Inc.) забележаа пад од 20 проценти или повеќе во однос на своите рекорди.

Nasdaq 100 во понеделникот на затворањето беше речиси непроменет откако претходно во текот на денот падна дури за 2,5 проценти, поради загриженоста дека очекуваното воведување царини од претседателот на САД, Доналд Трамп, в среда ќе ѝ нанесе удар на економијата.

 

„Прашањата во врска со ВИ доаѓаат во време кога постои поголема општа неизвесност и во момент кога тие акции беа оценети речиси совршено, или блиску до тоа“, вели Мајкл Мулани, директор за глобално пазарно истражување во БП (Boston Partners). „Тоа ги прави исклучително вообичаено место за инвеститорите кои се генерално нервозни и сакаат да остварат профит“.

Технолошките гиганти го предводеа растот на американските акции во текот на поголемиот дел од последните две и пол години поради возбудата околу ВИ и идните добивки што таа ќе ги донесе. Компаниите кои развиваат модели со ВИ планираат огромни инвестиции во чипови и дата центри кои се потребни за обука и работа на тие модели.

На својот врв во февруари, Nasdaq 100 ја удвои вредноста во однос на минимумот од декември 2022. 

 

Најновата рунда загриженост во врска со ВИ беше покрената минатата недела кога коосновачот на „Алибаба“ (Alibaba) рече дека брзањето во изградбата на нови објекти ја надминало побарувачката за услуги со ВИ. Ден подоцна следеше извештај на аналитичарите за „Мајкрософт“ (Microsoft)  - компанија која оваа година издвоила 80 милијарди долари за трошоци во врска со дата центрите  - која се повлекува од нови проекти во САД и Европа поради прекумерна понуда.

Овие предупредувања пристигнаа брзо откако од Кина пристигнаа напредни модели со ВИ кои се обучени користејќи помали компјутерски ресурси. Овие модели покренаа прашања за ресурсите кои американските технолошки гиганти ќе мора да ги обезбедат за да ја осигураат својата доминација. Сомнежи сè уште постојат, иако четворката најголеми потрошувачи  - „Мајкрософт“, „Алфабет“ (Alphabet), „Амазон“ (Amazon) и „Мета“ (Meta), остануваат посветени на плановите за капитална потрошувачка за која се очекува да надмине 300 милијарди долари во тековните фискални години.

Дури и мал пад во таа потрошувачка би имал големи последици за компании како „Енвидија“ (Nvidia), кои профитираа од поплавата на пари кои се слеаја во сè, од чипови и сервери до енергија и мрежна опрема. Во меѓувреме, расте бројот на прашања за тоа колку брзо алатките за вештачка интелигенција ќе почнат да добиваат поширока примена во американските корпорации.

„Ако повратот на инвестицијата беше поочигледен, ќе имаше помалку грижи околу тоа дали овие гиганти ќе продолжат да инвестираат како што тоа го правеа досега“, рече Бери Кнап, партнер менаџер во ИМ (Ironsides Macroeconomics).


Продажбата на акции доведе до тоа многу акции поврзани со ВИ да станат атрактивни за оптимистите, кои очекуваат дека потрошувачката ќе продолжи да расте бидејќи побарувачката за основните услуги останува силна. Се наведува дека „Опен еј-ај“ (OpenAI) очекува дека приходите годинава ќе бидат три пати поголеми, а во преговори е да собере дури 40 милијарди долари од „Софтбанк“ (Softbank Group Corp.) и други инвеститори.

Според аналитичарот Бен Рајцес од МР (Melius Research), цената на акциите на „Енвидија“, која е 23 пати поголема во однос на очекуваните профити во наредните 12 месеци, изгледа „дефанзивно“.

Сепак, моменталниот преовладувачки сентимент на Волстрит е очигледно песимистички. Тоа беше јасно на пазарот на иницијални јавни понуди кога многу очекуваното деби на провајдерот на компјутерски услуги во облак „Корвив“ (CoreWeave Inc.) минатата недела доживеа целосен дебакл. Компанијата која обезбедува ВИ компјутерски услуги, поддржана од „Енвидија“, забележа пад на акциите од околу седум проценти откако беа понудени по цена која беше значително пониска од почетната.

За Ким Форест, директорка за инвестиции во БЦП (Bokeh Capital Partners), целата ситуација покажува колку инвеститорите станале нервозни поради забавувањето на потрошувачката поврзана со вештачката интелигенција.

„Вакво нешто ќе предизвикаше вистински метеж во јуни минатата година“, рече Форест за дебито на „Корвив“. „Сето тоа се сведува на премногу пари кои треба да се зграпчат, а премногу мала побарувачка за компјутерски центри.“

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите