Спорт
Ендо ќе го напушти Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул во летниот преоден рок би можел да го продаде јапонскиот играч за врска Ватару Ендо.
Искусниот триесет и двегодишен играч кој пристигна од Штутгарт како капитен на германскиот тим би можел да се врати во Бундеслигата.
Како што пренесува „Билд“, за услугите на јапонецот се заинтересирани челниците на Ајнтрахт од Франкфурт. Од друга страна англиските медиуми тврдат дека и покрај тоа што нема место во стартната постава, Ендо бил среќен на „Енфилд“.
Тренерот Арне Слот го користи Ендо на различни позиции и најчесто влегува на теренот во последните 15-20 минути од натпреварите кога треба да се „затвори“ резултатот.
Ливерпул пред две години за услугите на Ендо издвои околу 20.000.000 евра.
Ендо би можел да биде еден од многуте што ќе го напуштат „Енфилд“ ова лето. Дарвин Нуњез, Диого Жота, Луис Дијаз, Трент Александар-Арнолд, Џо Гомез… Сите тие се на списокот за заминување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Новак на ГОАТ: Меси пред Ѓоковиќ, Џордан и Брејди

Новак Ѓоковиќ имаше интересна задача да избере кого го сметаше за најдобар спортист на сите времиња.
На српскиот ас му беа понудени великани од сите спортови, а еден го напушти по елиминациски систем.
Еве како изгледаше тоа.
Novak must choose between some legends
pic.twitter.com/gS1geQPqQr
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) April 13, 2025
„Брејди или Џордан“
„Ќе го изберам Брејди, бидејќи сме многу добри на приватен план“, рече Ѓоковиќ.
„Брејди или Мејведер“
„Том Брејди“
„Брејди или Мекгрегор“
„Том Брејди“
„Брејди или Болт“
„Аххх Том Брејди“
„Том Брејди или Хамилтон“
„Оооо Том Брејди“
„Брејди или Фелпс“
„Том Брејди или Меси“
„Извини Том, Меси“
„Меси или Ѓоковиќ“
„Меси“, заврши Ѓоковиќ со насмевка.
Спорт
Белингем и Рудигер се степале во петокот

Дебаклот на Реал кај Арсенал (3:0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите остави голема трага во соблекувалната на актуелниот шампион на Шпанија и Европа.
Шпанските медиуми пишуваа дека капитенот Лука Модриќ му посочил на тренерот Карло Анчелоти дека некои од неговите соиграчи не вложуваат доволно напори.
Еду Агире, новинар и инсајдер на Реал, вели дека Џуд Белингам и Антонио Рудигер, се степале на тренингот во петокот:
„Ова беше една од најнапнатите недели во соблекувалната на Реал. Од средата играчите се чувствуваа како да мора да поминат низ тоа. Тие чувствуваат дека нивната сезона може да се урне во само неколку дена. Ми кажаа дека имало гензија меѓу двајцата играчи на тренингот во петокот како резултат на тие тензии. Имало тепачка помеѓу Белингем и Рудигер“.
Новинарот додаде дека ваквите конфликти се вообичаени во многу тимови, но дека тука се важни тајмингот и контекстот, пред клучните натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, особено пред реваншот против Арсенал во среда.
„На крајот се добро се заврши. Ми кажаа дека потоа се ракувале, но тоа доволно покажува дека постои тензија меѓу играчите на Реал“, додаде Агире.
Спорт
Манчестер јунајтед има повеќе порази по Фергусон отколку за 27 години со него

Вчера англискиот великан Манчестер јунајтед доживеа уше еден тежок пораз. „Црвените ѓаволи“ беа понижени на гостувањето кај Њукасл со 4:1 и по 14. пораз во сезоната се 14. на табелата.
Последен пат Јунајтед во сезоната 1989/1990 имаше повеќе порази, 16 во 38 натпревари. До крајот на тековната сезона остануваат уште шест кола.
„Нема ништо полошо од губење на натпревари. Немам намера да се бранам или нешто слично. Ако ја погледнете табелата, таа кажува се. Да изгубите натпревар е најтешкиот дел од оваа работа. Да се фокусираме на четврток (реванш четвртфиналето со Олимпик Лион). Четврток е многу важен“, рече тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим.
Поразот на „Сент Џејмс Парк“ откри еден неверојатен податок. Манчестер јунајтед има повеќе порази во ерата по Сер Алекс Фергусон отколку што доживеа во текот на целиот мандат на славниот Шкотланѓанец.
Дејвид Мојс, Луи ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер, Ралф Рангник, Ерик тен Хаг и сега Рубен Аморим претрпеа 115 порази со Јунајтед во 450 натпревари.
Сер Фергусон на 810 натпревари како тренер на „црвените ѓаволи“ претрпе вкупно 114
Во четврток Јунајтед го пречекува Лион, по 2:2 на првата средба во Франција.