Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 работи што ги правиме сите, но треба да престанеме

Дали чувате млечни продукти на вратата од фрижидерот? А, дали некогаш сте го дезинфицирале сунѓерот за садови?

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-01.jpg

Некои работи сме ги научиле уште многу одамна, па не ни помислуваме дали се ефикасни или штетни.

Поради ова, постојат бројни штетни навики кои ни се заеднички на сите.

Десет работи што ги правиме сите, но не треба:

Ставате тоалетна хартија на школката во јавен тоалет

Ова е трик што несомнено им е познат на сите девојки и сите го направиле барем еднаш. Но, тоалетната хартија не ви нуди апсолутно никаква заштита од бактериите на школката.

Тоалетната веднаш ќе се накисне ако школката е влажна, па бактериите сепак стапуваат во контакт со вашата кожа.

Во јавен тоалет кој е нечист, најбезбедно ви е воопшто да не седнувате на школката.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-02.jpg

Ставате повеќе детергенти за облеката да биде почиста

Ако ставите повеќе детергент, облеката нема да се исчисти повеќе. Напротив, може да направи дамки на облеката, но и да се наталожи во машината, па да треба почесто да ја чистите темелно.

Секогаш следете го упатството на амбалажата на детергентите и пуштете ја облеката на соодветната програма на машината за да се исчисти најдобро.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-03.JPG

Пуштате вода без да ја затворите тоалетната школка

Кога пуштате вода во школката, чистата вода се меша со валканата, па се распрснуваат ситни капки вода со бактерии.

Затоа, секогаш затворајте го капакот.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-4.JPG

Не го дезинфицирате сунѓерот за садови

Од влагата, на сунѓерот лесно се размножуваат бактерии, па важно е да го дезинфицирате. Во спротивно, бактериите ќе завршат на садовите.

Можете да го дезинфицирате сунѓерот во микробранова печка, но важно е во него да нема ништо метално и да биде накиснат со вода – ако е сув може да се запали.

Оставете го во микробрановата околу една минута и внимавајте кога ќе го вадите бидејќи ќе биде жежок.

Ако не сте сигурни дали во сунѓерот има метал или трикот ви делува ризично, побезбедно и исто ефикасно е да го дезинфицирате во мешавина од вода и оцет – оставете да кисне 10-тина минути, па добро исплакнете го.

И, препорачливо е да го менувате на секои две-три недели.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-05.JPG

Не ја организирате храната во фрижидерот

Ако добро ја организирате храната во фрижидерот, тогаш и ќе ви трае подолго.

Никогаш не оставајте отворени садови со храна внатре бидејќи во неа лесно ќе влезат бактерии, но и ќе се разнесат од неа.

Исто така, спакувајте ги овошјето и зеленчукот бидејќи во случај нешто да се расипе, бактериите ќе се разнесат насекаде.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-6.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg