Познатиот турски пејач Волкан Конак, почина на 58-годишна возраст, на сред концерт во Кипар.
Како што пренесуваат медиумите, пејачот се срушил за време на настап, по што му е укажана лекарска помош.
Набрзо била прогласена смрт на Конак.
Конак бил добитник на неколку музички награди во Турција, а последната во 2011 година „Златни пеперутки“ за најдобар машки солист на турска нардона музика.
Добиваше и награди за најдобар уметник на народна музика, како и специјални награди за турска народна музика. Имаше и свои шоу програми во Турција од 2009 до 2021 година.
Во Турција издаде 13 албуми, последниот во 2019 година наречен „Далија“.