Финансии / Банкарство

Албанија со 1,58 милијарди евра странските инвестиции

26.03.2025

Странските директни инвестиции во Албанија минатата година забележаа рекорден износ од 1,58 милијарди евра, со раст од 92 милиони евра или 5,6 отсто во однос на претходната година.

Според податоците на Централна банка на Албанија, во вкупните странски инвестиции и натаму води секторот недвижности, со 379 милиони евра, потоа ископ на руда со 214 милиони, преработувачката индустрија со 173 милиони и електричната енергија каде се инвестирани 166 милиони евра.

- Во четвртиот квартал од 2024 година странските инвестиции достигнаа вредност од 423 милиони евра, што главно беше новоинвестирана добивка, наведува банката.

Меѓу главните партнери со најголеми инвестиции во Албанија се Холандија, Италија и Турција.


 

Извор МИА

фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано