• Иван Димовски
Фудбалерите на Штутгарт по пауза од тринаесет години се враќаат во финалето на ДФБ Купот, откако го добија дуелот со РБ Лајпциг со 3-1 (1-0). „Швабите“ ќе влезат во мечот за трофејот како голем фаворит против третолигашот Арминија Билифилд.
Резултатот во полуфиналната пресметка на „МХП Арената“ во Штутгарт беше отворен уште во петтата минута. Анџело Стилер со добар удар од шеснаесетникот го матира гостинскиот голман за 1-0. Врза Лајпциг серија шанси, се обидуваше во дури три наврати Лоис Опенда, а еднаш се закани и Баку во финишот на првиот дел.
Откако немаше промени до паузата, на стартот на продолжението Ник Волтемад стрела за удвојување на позитивата за Штутгарт. Сепак, надежите за „биковите“ ги одржа Вили Орбан со гол за 2-1 во 62. минута. Точка на победата за домашниот тим стави Волтемад со својот втор гол за одново Штутгарт да има двојна предност.
До крајот Лајпциг погоди и пречка преку Бенџамин Шешко, па мечот заврши со веќе поставениот резултат.