„Сите најубави нешта“ – монодрама во изведба на Игор Ангелов

04.10.2024 10:16
„Сите најубави нешта“ – монодрама во изведба на Игор Ангелов

Вечерва, на 4 октомври, во КСП Центар Јадро, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи монодрамата насловена „Сите најубави нешта“ во изведба на популарниот македонски актер Игор Ангелов.

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни.

Претставата е направена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, во продукција на Пеце Талески. 

Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.
Премиерата беше изведена на 1 октомври, а следните изведби се закажани на 4, 14, и 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот и влезниците за нив се достапни преку мкtickets

Наскоро се очекува да бидат закажани изведби и во други градови низ Македонија. Претставата се препорачува за лица над 18 години.

ОкоБоли главаВицФото