• Мартин Танасковски

Екипата на Чаир 2030 си ја заврши задачата и со домашна победа над Гостивар (99-86) се чекира во плеј-офот во Првата македонска кошаркарска лига.
Чаирчани со победата ја освоија позицијата број седум, која носи четвртфинале против ТФТ кој заврши како второпласиран. Избраниците на Рамадан доминираа од првата до последната минута и заслужено славеа над гостиварчани.
Највисоко што Чаир водеше на овој натпревар беше 20 поени, во неколку наврати во третиот квартал, кога беше 73-53. Најдобар стрелец кај победникот беше Кели со 23 поени, пред Реџа со 20 поени, додека Мофит имаше „дабл-дабл“ од 19 поени и 11 асистенции.
- Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и Гостивар:
Кај Гостивар, кој ќе игра во плеј-аутот за опстанок, Ѓорѓиевиќ имаше 26 поени, пред капитенот Митевски со 20 поени, додека Грушановиќ финишира со 18 поени.