
Новинарите кои сакаат да го подобрат своето разбирање за економските принципи и вештините за известување сега имаат можност.
„Вовед во економско новинарство“, е сеопфатен онлајн курс понуден од Journalism Now, а е дизајниран да ги опреми новинарите со знаењата и алатките неопходни за ефективно покривање на сложени економски теми. Целиот курс е бесплатен.
Причината произлегува од глобална транформација која бара од новинарите дополнителни специјализирани познавања, кои ги надминуваат традиционалните секторски поделби на новинари што го следат општеството, културата или политиката.
Финансиската и економската писменост на новинарите денес се пожелен личен капитал на секој новинар, токму како и дигиталната писменост, без разлика на темите што се истражуваат.
„Вовед во економско новинарство“ е отворен за упис на веб-страницата Journalism Now.