Економија
УВОЗОТ ВО МАКЕДОНИЈА СО ПОВИСОК РАСТ ОД ИЗВОЗОТ
05.04.2025
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 229.4 милиони евра и бележи пораст од 1,8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 834.2 милиони евра, што е за 5,1 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 604.7 милиони евра.
-Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија, се вели во соопштението од ДЗС.
Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – февруари 2025 година, изнесува 67 проценти.
фото freepic