Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола е запозната со случајот од страна на СВР -Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во Болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, секако според важечките законски прописи!

Соопштение од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ненад Трајковиќ не е повеќе тренер на КК Пелистер, довербата сега ја има Дејан Илиевски
- Убедлив пораз на Пелистер во вториот меч со Работнички
- Пелистер го победи Тиквеш во Битола по четири порази по ред (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер во Ф4 од Купот, победа над Радовиш со 50 постигнати гола во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)