ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Снимен моментот кога се сруши покривот на ноќниот клуб во Доминиканска Република

Нови вознемирувачки снимки покажуваат како се сруши покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ лоциран во главниот град Санто Доминго, кој важи за најпопуларен во земјата. Во трагедијата загинаа најмалку 113 лица.

Покривот се руши токму над бината и преполниот партер. Бројот на повредени и жртви од час во час расте, а спасувачките служби се во трка со времето да ги извлечат преживеаните од под рушевините.

Некои од заглавените во очај успеале да дојдат и до своите мобилни телефони, обидувајќи се на семејствата да им посочат каде отприлика се наоѓаат под рушевините.

Во рушењето засега за мртви се потврдени, популарниот меренге пејач Руби Перез, како и саксафонистот од неговиот бенд. Загинале и неколку поранешни доминикански бејзбол играчи, како и локалната гувернерка Нелси Круз.

Во „Џет Сет“ пред три години избувнал и пожар кој оштетил голем дел од клубот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното