На прес-конференцијата, министерот за здравство Арбен Таравари, уште еднаш повтори дека владината коалиција е стабилна, и дека немаат намера да излегуваат од Владата.
„Не, и не планираме да излеземе од Владата засега“, рече Таравари.
„Коалицијата функционира, иако недоволно синхронизирано, но очекуваме тоа да се поправи“, дополни министерот.
Прашан за комуникацијата со ДУИ, тој рече дека комуникација има само во рамките на Парламентот меѓу пратениците, и сите пратеници комуницираат едни со други, без разлика на партиската припадност.