(Видео) Адвокатот на Палчо: Палевски нема капацитет и не ми изгледа како човек способен да го изврши убиството на Вања и Панче


Адвокатот Јовица Страшевски, адвокат на обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо, во Претрес со Ландов рече дека тој се нафатил да го брани Палчо иако на почетокот, како и многу адвокати одбил да го брани.
„Јас сум адвокат и можам сите да ги застапувам. Во развиените држави најдобрите и најискусните адвокати се бранители во вакви случаи.Прифатив да го брана не заради материјална корист и немам стари долгови кон него. Палевски нема капацитет и не ми изгледа како човек способен да изврши вакво дело, како убиството на Вања и Панче.Нема ни еден доказ дека го извршил ова дело.Го знам повеќе од 20 години. Ми помогна пред дваесетина години за префрлање од едно на друго дело.Не сме се дружеле. Палевски ме замоли и во ова дело да го бранам. Два часа ги гледав доказите, нема доказ дека го извршил ова дело”, вели Страшевски.
Тој негира дека не е вистина како што го нарекуваат дека во случајот влегол како џокер во покер.
„Јас сум ВМРО и гордо го кажувам тоа и не се мешам во други партии“, вели Страшевски.
Тврди дека не е во ред водењето на постапката.
