Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Од:

Повеќе од 50 отсто од Украинците ги критикуваат мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп и се плашат дека тие веројатно ќе доведат до делумно или целосно неправеден крај на руската војна против нивната земја, покажува најновата анкета на Меѓународниот институт за социологија во Киев.

Според резултатите од истражувањето на 1.326 лица од територијата на Украина, 32 отсто од испитаниците рекле дека очекуваат „прилично нефер мир, иако со исполнување на некои украински барања“, додека 22 отсто рекле дека очекуваат „целосно нефер мир“, објави денеска Ројтерс.

Само три отсто од анкетираните рекле дека веруваат дека Трамп може да постигне праведен мир, додека 15 отсто рекле дека очекуваат „прилично праведен мир, со одредени отстапки за Русија“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ