Македонија
Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец

На 15.04.2025 околу 12 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од Виница, удрило во пешакот С.С.(68) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, истакнаа од МВР во дневниот билтен за медиуми
Македонија
МВР: Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп

На 15.04.2025 околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал и во патната исправа ставил банкнота од 10 евра.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува МВР.
Македонија
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои претходно биле затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа.
Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци.
Тие немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.
По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад“, ќе поднесе соодветна пријава, за јавноста информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (15 април)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за среда (16 април)
-
Магазин7 часа
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа
-
Македонија1 ден
По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици
-
Спорт2 дена
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради мечот на Националната арена „Тодор Проески“
-
Временска прогноза17 часа
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево