Барса донесе „пензионер“ за голман и во ракометниот клуб

Жоан Лапорта имаше вистински погодок кога голманската криза во фудбалскиот клуб ја реши со ангжаман на пензионерот Војчех Шчесни, па првиот човек на Барселона сега се реши за идентичен потег и во ракометниот колектив на каталонскиот гигант.

Винсан Жерар е нов член на Барселона откако легендарниот Французин реши да ја скрати пензијата прифаќајќи ја понудата на каталонците за договор во следните два месеца. Барса мораше да реагира во ситуација кога се повреди Перез де Варгас, па тренерот Ортега остана само со Нилсен како прва опција на голот и младиот Шариќ како единствена резерва. Изборот падна на Жерар, кој последните натпревари ги одигра на голот на француската репрезентација на ОИ во Париз.

Тој речиси цела година беше во ракометна пензија, но сепак реши да ја прифати понудата на каталонскиот гигант.

„Презадоволен сум, кога ќе ти се јави ваков клуб, со богата историја и титули, секако дека без многу размислување прифатив. Тука сум за да помогнам, јасна ми е мојата улога, нормално дека повеќе месеци бев надвор од професионалниот спорт, но продолжив да тренирам и во меѓувреме, така што се чувствувам добро физички подготвен“, изјави 38-годишниот Жерар.

Се вчитува...