СП: Македонците Николов и Начевски ќе го судат мечот за 3.место!

343
+1

Сепак нема финале за најдобрите ракометни судии во светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Македонците се одредени да ја делат правдата денеска во Осло на мечот за 3.место и тоа меѓу Франција и Португалија.

Секако дека да се суди на завршниот ден од Мундијалот е голема работа, на Македонците со ова им се укажува уште еднаш голема чест.

Инаку овој натпревар во Осло се игра денеска од 15 часот.

Нема сомневање дека Николов и Начевски и денеска со своето судење ќе покажат дека се најдобри меѓу најдобрите.

Додека за финалето меѓу Данска и Хрватска, кој е закажан за 18 часот, суидии ќе бидат Гарсија и Лоренте.

ПретходноСкандал во Холандија: Фортуна со 12 играчи на теренот во последната минута постигна гол и се спаси од пораз!
Следно“Кралевите“ се гневни на судењето, потегот на Мбапе кажува многу! (ВИДЕО)